Познати се термините за натпреварите на Струга и Шкупи во второто коло од ЛК

Европската фудбалска унија, УЕФА, на својот официјален сајт ги потврди термините за натпреварите на двата македонски претставници во второто квалификациско коло на Конференциската лига.

Први на терен ќе истрчаат фудбалерите на Струга Трим Љум кои во среда, 26-ти јули, на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид ќе го пречекаат шампионот на Црна Гора, Будуќност од Подгорица. Дуелот започнува во 17 часот. Реваншот ќе се одигра на “Градскиот стадион“ во Подгорица на 1-ви август со почеток во 21 часот.

Многу поголемо внимание кај македонската јавност предизвикува дуелот помеѓу Шкупи и Левски Софија. Овој натпревар на програмата ќе биде во четврток, 27-ми јули, на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 21 часот. Реваншот ќе се одигра на стадионот “Георги Аспарухов“ во Софија на 3-ти август со почеток во 19 часот по македонско време.

- Оглас -

Најнови вести