Познати шестмината фудбалер кои конкурираат за најдобар во Премиер лигата

Англиската Премиер лига влегува во една од највозбудливите завршници во историјата. Ливерпул и Манчестер сити се во трка за титулата, а Арсенал, Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем во трка за место кое води во Лигата на шампиони. Иако дури сега следува кулминацијата, Здружението на професионални фудбалери во Англија одбраа кои се најдобрите шестмина фудбалери во лигата.

Вирџил ван Дајк, Садио Мане (двајцата од Ливерпул), Еден Азар (Челзи), како и офанзивното трио на Манчестер Сити, Бернардо Силва, Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг, се во трка за најдобар фудбалер за оваа сезона. Најдобриот фудбалер ќе биде прогласен на 28 април на церемонија во Лондон.

Најдобар фудбалер од минатата сезона беше Мохамед Салах, кој сега го нема во потесниот круг на најдобри, што значи дека Премиер лигатаќе добие нов најдобар фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести