Познати сите детали околу трансферот на Кутињо во Баерн

Филипе Кутињо дефинитивно се сели во редовите на Баерн Минхен, напуштајќи ја Барселона на малата врата. Бразилецот сезонава ќе биде позајмен на германскиот првак, а привремениот ангажман ќе ги чини 20 милиони евра.

Баварците ќе се грижат за платата, а доколку Кутињо ја оправда довербата и средствата, Баерн ќе ја искористи опцијата целосно да го откупи неговиот договор за сума од 120 милиони евра. Тоа значи дека шпанскиот првак не би претрпел голема загуба, поточно би ги вратиле назад потрошените пари кога го купуваа Кутињо од Ливерпул за вкупно 145 милиони евра, со вклучени бонуси.

Сепак, треба да се напомене дека Баерн ваков договор имаше и со Реал Мадрид за услугите на Хамес Родригес. По две сезони на позајмица, Колумбиецот не остана на „Алијанц арена“ иако беше договорено Баерн да го откупи неговиот договор ова лето.

- Оглас -

Најнови вести