Познати составите: Англија со пеколен стартен тим, Македонија ќе се брани со петмина во средниот ред

Англија е апсолутен фаворит за победа против Македонија вечерва на арената „Тодор Проески“, а селекторот на гостите реши да стартува со силен тим. Фудбалерите кои се меѓу најскапите на своите позиции, како Грилиш, Сака, Фоден, Мегваер, Рајс, Александар-Арнолд, се во почетниот тим на Гордиот Албиот, кој ќе биде со еден класичен напаѓач.

Од друга страна, предводникот на Македонија, Благоја Милевски, во формација 3-5-2 со Елмас и Миовски во нападот ќе се обиде да му парира на големиот фаворит.

- Оглас -

Најнови вести