Познати составите: ПСЖ и Барселона со идентични формации, Атлетико претпазливо, Борусија ќе се брани (Фото)

Веќе се познати составите на четирите екипи кои вечерва ќе ги одиграат своите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите. Она што е интересно, и ПСЖ и Барселона, на терен излегуваат со иста формација, 4-3-3, што би било најава дека нема што да бранат, иако ќе има и реванш.

Мбапе ќе биде предводникот на ПСЖ, додека Левандовски ќе биде задолжен за голови во составот на Барселона.

За разлика од ПСЖ и Барселона, во Мадрид екипите имаат различни формации. Атлетико ќе тргне претпазливо со формација 3-5-2 и со згуснат среден ред, додека Борусија Дортмунд ќе се ориентира на одбраната со формациска поставеност од 4-2-3-1.

- Оглас -

Најнови вести