Познати учесниците и носителите на завршницата во Купот

Кошаркарската 2018 година во Македонија е завршена, а колото кое се одигра викендов, ги одреди патниците и носителите на завршницата од Купот на Македонија.

Редоследот на табелата на полусезона е таков што меѓу носителите во ждрепката, ќе бидат Работнички, Блокотехна, МЗТ Скопје Аеродром и Гостивар. Тие како повластени, нема да може да се сретнат меѓусебе во четвртфиналето.

Нивни потенцијали противници ќе бидат Фени индустри, Куманово, Кожув и АВ Охрид. Ова се четирите аутсајдери, но во текот на сезонава на некои мечеви покажаа дека знаат да бидат многу опасни, а во Купот нема место за грешка и носителите нема да имаат лесна задача.

Македонската кошаркарска федерација за среда 26 декември, закажа јавно наддавање за организатор на финалниот турнир на Купот 2018. Почетната сума за организација на Купот изнесува 500.000 денари. Ако нема заинтересирани, тогаш организатор ќе биде МКФ, веројатно во соработка со некој од клубовите учесници кој ќе понуди добри услови во салата за да се игра турнирот.

Финалниот турнир од Купот ќе се одржи од 15. до 17. февруари 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести