Познатиот боксер на тренинг падна во кома, Дилета Леота се моли да преживее

Италијанскиот боксер Даниеле Скардина (31) е во тешка состојба по направената итна операција на мозокот. Скардина, кој во кариерата има 20 победи и само еден пораз, бил на тренинг подготвувајќи се за деби во полутешка категорија за дуелот против Белгиецот Седрик Спере закажан за 24 март, кога ненадејно му се слошило.

Боксерот веднаш бил пренесен во болница, каде што лекарите констатирале дека се работи за сериозна состојба и морале веднаш да му направат операција, по која е ставен во индуцирана кома.

Операцијата поминала добро, но во вакви ситуации првите неколку дена се клучни. Скардина се прослави не само по неговите победи во рингот, туку и по љубовната врска со популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота. И Дилета не остана рамнодушна на ова што му се случува на нејзиниот некогашен партнер, па преку социјалните мрежи му даде поддршка.

Даниеле единствениот пораз во боксерската кариера го имаше минатата година во мај, од ветеранот Џовани де Каролис. Реваншот требаше да биде во јануари оваа година, но подоцна таа борба беше презакажана за март, а потоа реваншот целосно беше откажан откако Скардина реши да се префрли во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести