Познато е дали Харден ќе може да игра вечерва

Џејмс Харден нема да му биде на располагање на тренерот Стив Неш за вториот меч од плејоф-битката меѓу Бруклин нетс и Милвоки бакс, што е како финале пред финале во Источната конференција во НБА-лигата.

Харден го повреди задниот дел на бутниот мускул уште во првата минута на првиот меч кој неговиот Бруклин го доби со 115-107, па Мрежичките и доцна вечерва ќе треба да бараат начин како да победат без помош од Брадата, кој е машина за во нападот со неговите поени и асистенции.

И покрај повредата на големата ѕвезда, Бруклин останува благ фаворит против Елените. Милвоки ако не успее да победи, многу тешко дека ќе успее да направи пресврт по 0-2, особено ако Харден се врати за третиот меч.

- Оглас -

Најнови вести