Познато е каде ќе ја продолжи кариерата Белингам?

Sвездата на Борусија Дортмунд и репрезентативец на Англија, Џуд Белингам, веќе една година е тема во светските медиуми околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. За него интерес пројавија дел од најголемите светски клубови, како Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер сити. Според шпекулациите, Реал Мадрид понудил 120 милиони евра за него, но Англичанецот одлучил да се врати во својата татковина.

Англиските медиуми објавуваат дека одлуката на Белингам е да се пресели во Ливерпул, чии сопственици се подготвени да потрошат голема сума пари за него. Трансферот со сигурност ќе биде над 100 милиони евра и тоа ќе биде нов рекорд на Ливерпул. Досегашниот рекорд е 84,65 милиони евра за Ван Дајк.

- Оглас -

Најнови вести