Познато е кој ќе игра во финалето кај жените на ОП на Австралија

Ешли Барти и Даниеле Роуз Колинс ќе се соочат во големото финале во женскиот дел на Отвореното првенство на Австралија.

Барти во полуфиналето ја победи Американката Медисон Кис со 6:1, 6:3, додека предмалку Колинс, беше поуспешна од Ига Свијатек со 6:4, 6:1.

Колинс направи изненадување бидејќи како 27-рангирана на ВТА листата го совлада седмиот фаворит и тоа убедливо во два сета.

Големото финале во женскиот дел е закажано за во сабота со почеток од 09:30 часот по Средноевропско време.

 

- Оглас -

Најнови вести