Познато е кој може против кого во осминафиналето од ЛШ

Групната фаза од Лигата на шампиони се комплетираше вечерва, па екипите кои ќе продолжат во битката за најзначајниот клупски трофеј се преполовија од 32 на 16. По одиграните шест кола, јасно е и кои екипи ќе бидат во улога на носители, а кои ќе бидат во вториот по ранг барабан. Ждрепката за осминафиналните дуели ќе биде во понеденик, на 17-ти декември.

Првите мечеви од осминафиналето ќе се играат на 12,13,19 и 20 февруари, а реваншите се закажани за 5,6,12,13 март 2019 година. Според правилата, не може да паднат екипи кои биле во иста група, но и екипи кои доаѓаат од иста земја.

Меѓу носителите се најдоа: Борусија Дортмунд, Барселона, ПСЖ, Порто, Баерн Минхен, Манчестер сити, Реал Мадрид и Јувентус.

Кај неносителите ќе бидат: Атлетико Мадрид, Тотенхем, Ливерпул, Шалке, Ајакс, Лион, Рома, Манчестер јунајтед,

- Оглас -

Најнови вести