Познато на кој начин Саутгејт ги бираше пеналџиите

Италија го уништи сонот на Англичаните за титула на едно големо натпреварување, на која чекаат од 1966 година. Аѕурите се покажаа како подобри пеналџии во големото финале на ЕП, по кое стигнаа до втората континентална титула во нивната историја.

Трагичари за Гордиот Албион беа Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, кои влегоа непосредно пред крајот на второто полувреме од продолженијата токму за да шутираат пенали, а последниот пенал го промаши 19-годишниот Букајо Сака.

Два дена по финалето на „Вембли“, англиските медиуми го открија начинот на кој селекторот Герет Саутгејт ги бираше петтемина играчи кои шутираа од белата точка. Имено, Саутгејт се потпре на статистиката, односно играчите кои биле најпрецизни изведувачи на тренинзите на англиската репрезентација добија одговорност пред поискусните како Стерлинг и Грилиш.

Уште од септември минатата година, на секој тренинг на националниот состав се вежбале пенали, па овие тројца играчи кои не ги реализираа своите удари биле статистички подобри, што на крајот се покажа како погрешна одлука. Играчите во меѓувреме не биле запознаени со системот на Саутгејт и неговите помошници, па беа изненадени што Сака доби одговорност да го изведе најклучниот пенал.

- Оглас -

Најнови вести