Празник на фудбалот: Денеска во Европа ќе „врие“ од дерби дуели (ФОТО)

Денешниот ден комотно можеме да го прогласиме за празник на фудбалот. Во најсилните европски лиги се играат дури пет дерби натпревари, нешто што досега се нема случено барем во последниве 20. години наназад.

Отворањето не може да биде поспектакуларно, во 16:15 часот Барселона го дочекува Реал Мадрид во новото Ел Класико. Само половина час подоцна, во Холандија, во новиот „Класикер“ силите ќе ги одмерат Ајакс и Псв.

Во Англија, пак, ќе играат Манчестер јунајтед и Ливерпул од 17:30 часот. Следува мала пауза, а од 20:45 во Италија силите ќе ги одмерат Интер и Јувентус.

Денешниот празник на фудбалот ќе го комплетираат Марсеј и ПСЖ во меч кој е закажан за 21:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести