Пред 12 години дебитираше за Челзи во ЛШ, а сега е бездомник

Џејкоб Мелис беше фудбалер на Челзи кој за Сините од Лондон дебитираше во 2011 година во мечот од групната фаза од Лигата на шампионите против Жилина. Откако ги мина младинските категории на Челзи, настапуваше и за Саутхемптон, Барнсли, Блекпул, Олдам, Барнли, Менсфилд, Болтон, Гилингам, Саутенд и Летерхед. Заработуваше по илјадници евра неделно, а сега е бездомник. Нема свој дом, нема автомобил, нема работа, а има само 32 години.

Проблемите со алкохолот го следеа во текот на целата кариера, дури тоа беше причината и што беше отстранет од Челзи бидејќи се појавил пијан на тренинг. И денес го има истиот проблем.

„Секој ден размислувам каде да одам. Имам семејство, но не сакам да зависам од нив. Сакам самиот да се изборам за себе. Беше тешко, но се обидувам да не размислувам на тоа и да продолжам со животот. Луѓето околу мене го сакаат само најдоброто за мене и сакаат да ми помогнат кој колку може. Но, тие имаат и свои животи. Ми помогаат со пари за да престојувам во хотел или ме примаат во нивните домови. Никогаш не размислувате дека може васмда ви се случи вакво нешто“, вели Мелис.

- Оглас -

Најнови вести