Шпанскиот весник АС објавува дека Ориол Ромеу од Жирона ќе биде нов фудбалер на Барселона на позицијата дефанзивен играч за врска.
32-годишниот фудбалер потекнува од фудбалската академија на Барселона, а пред 12 години дури стигна и до првата екипа и одигра девет минути во првенството, но беше дел и од екипата која настапи на Супер куп дуелот против Севиља.
Тогаш младиот Ромеу направи трансфер во Челзи вреден 4.6 милиони евра, а со клубот од “Стемфорд Бриџ“ ја освои и Лигата на шампионите. Најголем дел од својата кариера ја мина во Саутемптон, каде се задржа цели седум сезони, а минатото лето се врати во Шпанија во дресот на малиот каталонски клуб Жирона.