Пред 15 години најави дека брат му ќе биде голем играч, тоа се остварува сега на Мундијалот во Катар (Видео)

Еден од оние кои ги одигра сите минути во дресот на Мароко на Светското првенство во Катар е Софијан Амрабат. Играчот за врска кој на клупско ниво ги брани боите на Фиорентина, е „моторот“ на тимот што ги поврзува одбраната и нападот.

На Мундијалот Амрабат одигра перфектни 480 минути, а сега е подготвен и за полуфиналната пресметка против актуелниот светски владетел Франција. Софијан е роден во Холандија и потекнува од фудбалско семејство, но одлучил да го носи дресот на земјата од која потекнува, а тоа е Мароко.

Истото пред него го има направено и неговиот постар брат Нордин Амрабат, кој во периодот од 2011 до 2019 година одигра 64 средби во дресот на мароканската селекција. Токму Нордин пред 15 години најавил дека неговиот помлад брат Софијан ќе биде голема фудбалска ѕвезда.

Додека бил правен прилог за Нордин, на фудбалскиот терен играл и Софијан. Постариот брат во еден момент го повикува Софијан и најавува дека токму тој ќе биде одличен играч во иднина. Нордин воопшто не згреши со прогнозата, затоа што Софијан е еден од најдобрите во репрезентацијата на Мароко.

- Оглас -

Најнови вести