Пред 17 години излезе едно од најпопуларните фудбалски видеа (ВИДЕО)

Љубителите на фудбалот се сеќаваат кога пред повеќе од една деценија на Јутјуб излегуваа видеа со Роналдињо, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Лионел Меси, па со часови дебатираа кое е подобро.

На денешен ден пред 17 години беше објавено едно од најлегендарните фудбалски видеа, и тоа од Најк – Јога Бонито, каде што главна ѕвезда беше Роналдињо.

Фамозното видео на коешто тој облекува златни копачки, па неколку пати шутира во пречката, по што топката се враќа кај него, излезе на 16 февруари 2005 година, и тоа како ТВ-реклама.

Една година подоцна, тоа видео беше објавено и на Јутјуб и стана првото видео коешто надмина еден милион прегледи. Вреди уште еднаш да се погледнат овие мајстории и да се потсетиме на старите, добри времиња.

- Оглас -

Најнови вести