Пред 23 години, Тајсон му го гризна увото на Холифилд (Видео)

Датумот 28 јуни 1997 година ќе остане запаметен во историјата на спортот, особено на боксот, по потегот со кој Мајк Тајсон си навлече многу непријатели и тоа беше почеток на крајот на неговата кариера. За време на борбата со ривалот Ивандер Холифилд, Тајсон одгриза дел од увото на Холифилд.

Тајсон беше дисквалификуван, ја загуби лиценцата за боксување, и плати казна од 3 милиони долари. Дури 12 години после инцидентот, Железниот Мајк му се извини на Холифилд.

„Тој ме удри еднаш или двапати со глава, и тоа ме разгневи. Признавам дека ми падна мрак пред очи и ја загубив самоконтролата. Сакав да му го гризнам лицето, долната усна или носот, но тоа го направив со неговото уво. Кога ме казнија за гризењето во 1997, не бев свесен што се случува. Кога ми рекоа дека треба да платам 3 милиони казна, си реков па тоа е еден куп пари по ѓаволите. Но, веројатно заработив двојно повеќе од слики со навивачите и од снимање на реклами. Чисто финансиски, јас сум во плус од таа случка“ – раскажува Тајсон.

Моментот на одгризување на парче од увото на Холифилд, може да видите тука:

- Оглас -

Најнови вести