Пред 24 години постигнат еден од најубавите голови во историјата на фудбалот (Видео)

Како најава за Светското првенство кое во 1998 година се играше во Франција, една година порано беше одигран турнир на кој покрај домаќинот, учествуваа и Бразил, Англија и Италија. Во првиот меч од турнирот, Франција играше против Бразил.

Токму на тој меч одигран на 3 јуни 1997 година беше постигнат еден од најубавите погодоци во историјата на фудбалот. Беше досуден слободен удар за Бразил, а Роберто Карлос ја намести топката на 33 метри одалеченост од голот на Фабијан Бартез.

Во „живиот ѕид“ имаше четворица француски играчи, но тоа не беше проблем за Карлос да постигне неверојатен гол. Со удар со надворешениот дел од ногата, топката доби неверојатно ефе. Делуваше дека шутот ќе оди далеку покрај голот, но топката „сврте“ и на крајот заврши во мрежата. Подоцна беше пресметано дека топката во летот имала повеќе од два метри менување на правецот за да заврши во мрежата на Бартез.

 

- Оглас -

Најнови вести