Пред 3 години воопшто не играше професиoнален фудбал, сега е топ стрелец во топ лига – Соиграч на Несторовски ја има најубавата приказна во Италија

Норберто Бетункал, или попознат само како Бето го живее фудбалскиот сон што изгледаше толку далечен пред само три години, кога воопшто не играше професионален фудбал и беше вработен во ресторан за брза храна.

Соиграчот на Илија Несторовски сега е прв стрелец на Зебрите во Серија А со 8 гола, а допрва 24-годишниот Португалец очекува уште поголеми успеси.

Бето игра за Удинезе како позајмен фудбалер од Портимоненсе, а клубот од Портимао му беше отскочната даска во професипналната кариера.

„Малкумина веруваа во мене, дека можам да бидам професионален фудбалер. Им велев на колегите на работа во ресторан за брза храна дека треба да имаат повеќе верна и во мене и во животот. Сега постојано ги потсетувам на тоа кога им одам во посета“, вели Бето.

Во Портимоненсе дојде во 2019 година и тоа на 21-годишна возраст, а добрите настапи во португалска Примеира му донесоа привремен трансфер во Серија А, во Удинезе.

Зебрите имаат право да му го откупат договорот за 10 милиони евра и нема дилеми дека тоа и ќе го сторат на крајот од сезоната.

Бето е прв стрелец на Удинезе со 8 гола и во Топ-20 на листата со најдбри стрелци во Серија А.

 

 

- Оглас -

Најнови вести