Бразилците пред 33 години погодија дека ѕвездата е родена, ама го утнаа братот (Фото)

Интересен текст беше објавен пред 33 години во Бразил со кој Роберто де Азис Мореира беше најавен како нова голема фидбалска ѕвезда, а на главната фотографија со него е неговиот помал брат Роналдо де Азис Мореира, или попознат како Роналдињо.

Роберто тогаш беше еден од најголемите таленти во Бразил, со Гремио освои три државни титули и требаше да се пресели во Серија А, во Торино.

Со насловот „Ѕвездата е родена“ во текстот се најавува новиот фудбалски бисер Роберто, а до него е неговиот помал брат Роналдињо, тогаш на 8-годишна возраст.

Потоа сè е историја, Роберто се повреди и не го потврди големиот талент, но затоа неговиот брат стана еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

И тој почна во Гремио, па потоа настапуваше за ПСЖ, Милан и Барселона, пред да се врати во Јужна Америка. За Бразил има 97 настапи и постигна 33 гола, а со Кариоките по еднаш беше континентален првак со триумф на Копа Америка и еднаш и светски шампион.

Со Барселона успеа двапати да биде шампион на Шпанија и еднаш европски првак, а како играч на Милан еднаш го освои Скудетото во Серија А.

Роналдињо ги има речиси сите престижни индивидуални признанија, а сè уште има голем број вљубеници во фудбалската игра што го сметаа за најдобриот играч на сите времиња.

 

- Оглас -

Најнови вести