Пред четири години патуваше со трамвај, а сега лета со приватен авион и стана најскап дефанзивец на светот

За хрватскиот фудбалер Јошко Гвардиол, пошироката публика слушна во ноември 2019 година, кога тогаш 17-годишниот талентиран дефанзивец откако даде гол за победа на Динамо Загреб, беше фотографиран како после мечот си оди дома со трамвај.

Тогаш малолетниот Гвардиол уште немаше возачка дозвола, па до „Максимир“ одеше пешки или патуваше со трамвај.

Денеска Јошко има 21 година, потпиша договор со најсилниот тим на светот, Манчестер сити, и стана најскапиот дефанзивец во историјата. Патувањето со трамвај е минато, Хрватот во Манчестер пристигна со приватен авион.

Во Сити, Гвардиол ќе носи дрес со бројот 24. Досега Гвардиол никогаш немал 24-ка на грбот, а овој број цели пет години беше слободен во Сити.

- Оглас -

Најнови вести