Пред две години беше платен речиси 90 милиони евра, а сега буквално не смее ниту да јаде заедно со првиот тим

Пред неколку години Џејдон Санчо беше еден од најголемите светски таленти за кого се „тепаа“ големите европски клубови, а на крајот потпиша за Манчестер јунајтед, и тоа за трансфер вреден речиси 90 милиони евра. Иако се очекуваше да биде фудбалерот на којшто ќе се базира играта на Црвените ѓаволи, Санчо се покажува како проблематичен.

Тренерот Ерик тен Хаг пред неполн месец го прекори Санчо дека не тренира доволно добро и дека мора да се бори за место во тимот. Наместо да биде поупорен, Санчо реши да се конфронтира преку социјалните мрежи и својот тренер го нарече дека е лажго.

Тоа дополнително ја подгреа тензијата, па Санчо е исфрлен од првиот тим на Манчестер, а веќе има забрана дури и да не се појавува во ниту еден дел од кампот каде што тренира првиот тим, па дури и во кантината. Тоа значи дека Санчо јаде заедно со фудбалерите од Академијата на клубот, а не се првиот тим.

Холандскиот тренер има желба да го реши овој проблем и да го врати Санчо назад во првиот тим, но под еден услов, а тоа е фудбалерот да се извини. Ако тоа не се случи, Тен Хаг сигурно нема да го врати Санчо онаму каде што треба да биде, па макар и вредел 90 милиони евра, колку што беа платени пред две години, кога пристигна од Борусија Дортмунд.

Откако е на „Олд Трафорд“, Санчо има одиграно 82 меча во коишто постигнал 12 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести