Пред две години си отиде од Јуве, а сега ќе ја носи 7-ката на Роналдо

Напаѓачот Моизе Кен утре треба и да добие зелено светло како позајмен да настапува за Јувентус, клубот во кој младиот Италијанец и ја започна професионалната кариера. Кен е играч на Евертон, има договор до 2024 година, во минатата сезона играше како позајмен за ПСЖ, но по враќањето на тренерот Масимилијано Алегри на клупата на Јуве, се враќа и Кен.

Според италијанските медиуми, Кен ќе има голема одговорност, бидејќи ќе го добие дресот со бројот 7, кој досега го носеше Кристијано Роналдо. Кен вечерва треба да дојде во Торино и утре да ги мине лекарските прегледи, по што ќе следува потписот за двегодишна позајмица, а во 2023 година, Кен треба да се врати во Евертон.

- Оглас -

Најнови вести