Пред еден месец ја заврши кариерата, а сега е трудна

Словачката тенисерка Доминика Цибулкова пред еден месец објави дека ја завршува кариерата, а денеска таа преку социјалните мрежи објави дека таа и нејзиниот сопруг ќе добијат и трет член во семејството.

Цибулкова е бремена, а откако ја објави убавата вест, многу нејзини фанови, но и колешки, испратија честитки со желби за среќа. Популарната Доми веројатно го планираше овој чекор во животот и семејството го стави пред тенисот, бидејќи реткост е некој да ја заврши кариерата на нејзина возраст доколку немал големи проблеми со повредите.

- Оглас -

Најнови вести