Пред една година им го урна европскиот сон, а сега е на прагот да ги засили

Џини Вајналдум, играчот за врска на Ливерпул, многу веројатно ќе биде првата аквизиција на Роналд Куман во Барселона. Холанѓанецот наводно ги договорил условите со каталонскиот гигант и прифатил тригодишен договор за преселба на „Камп ноу“, по што останува Барса и Ливерпул да се договорат околу цената, а се верува дека е околу 20 милиони евра.

Вајналдум ќе игра под палката на Куман, неговиот неодамнешен селектор во репрезентацијата на Лалињата, а ќе се види како ќе биде прифатен во соблекувалната на Каталонците.

Вајналдум само пред една година беше еден од творците на неверојатниот пресврт на Ливерпул од 4-0 во реваншот од полуфиналето во ЛШ. Џини постигна два од четирите гола на „Енфилд“ и го отвори патот на Црвените до шестата европска титула, која подоцна ја освоија против Тотенхем.

Инаку, Вајналдум е во Ливерпул веќе четири години, во кои одигра вкупно 187 меча и запиша 19 гола и 16 асистенции за тимот на Јирген Клоп.

- Оглас -

Најнови вести