Чешка освои злато во тенис, откако Томаш Махач и Катерина Синиакова беа најдобри во мешани двојки. Интересно е дека Махач и Синиакова во 2021 година станаа дечко и девојка и нивната врска траеше три години.
Непосредно пред почетокот на ЛОИ, парот објави дека ја завршиле љубовната романса, но тоа не беше пречка да продолжат да играат во мешани двојки на ЛОИ. Во конкуренција на 16 двојки од целиот свет, Махач и Синиакова на крајот се радуваа на златото.
Во финалето, по голема борба чешката двојка со 2:1 (6:2, 5:7, 10:8) во сетови ги победи Ксин Ванг и Жижен Жанг од Кина. По финалето, новите олимписки шампиони беа запрашани дали уште се во љубовна врска.
„Тоа е лична работа, не морате тоа да го знаете“, рече Махач, а потоа Синиакова додаде: „Сакаме кога сте збунети…“.
„Такви сме ние професионалците, раскинавме само за да бидеме максимално концентрирани на тенис и медалите. Затоа и успеавме“, изјави Махач, а неговата партнерка само додаде дека убаво им кажал на новинарите.