Пред мечот со Милан, младите хајдуковци се бодреа дека Росонерите се гола вода, честитка и од Динамо!

Тимот на Хајдук од Сплит в понеделник против АЗ Алкмар ќе игра финале во јуниорската Лига на шампионите за фудбалери до 19 години, а честитка за пласманот во финалето дојде и од нивниот најлут ривал Динамо Загреб.

Објавата на Динамо има огромен број лајкови, исто како и одговорот од официјалната страница на сплиќани. Од Хајдук порачаа: „Ви благодариме од срце“.

Иако односите на двата клуба во последните години се на ниско ниво, овојпат Динамо со потегот придонесе за затоплување, и потврда дека ферплејот постои.

Се појави и интересна снимка од тунелот пред излегувањето на терен пред полуфиналето на Хајдук со Милан. Еден од младите Хрвати ги анализираше Росонерите и викна: „Тие се гол к.р, ќе ги добиеме како и сите досега“.

https://twitter.com/i/status/1649594030622142464

- Оглас -

Најнови вести