Пред шест години Реал Мадрид стана прв клуб со 10 европски круни (Видео)

Поминаа шест години откако во неверојатен меч во Лисабон, Реал Мадрид го заврши 12-годишното чекање за враќање на европскиот клупски трон. Атлетико Мадрид беше на прагот на својата прва титула во Лигата на шампионите, водеше со 1-0 до 93-та минута, а тогаш Лука Модриќ изведе корнер и Серхио Рамос со глава ја матираше одбраната на Јорганџиите и изедначи на 1-1. Тој гол само на хартија вредеше еден, всушност е еден од најважните во богатата историја на најтрофејниот клуб.

Во продолженијата, Реал даде уште три гола, и славеше со 4-1, стана прв клуб со 10 европски титули, но се знае кој гол беше клучен, фановите на Реал и во сон да ги прашате, знаат дека Рамос својот легендарен гол го постигна во 92 минута и 48 секунда. Едноставно тој гол го скрши духот на Атлетико, а на Реал му даде крилја, па Кралскиот клуб во следните четири години уште трипати ја освојуваше ЛШ.

Реал на 24 мај ја освои и осмата титула. Во 2000 година во Париз, Реал предводен од тренерот Дел Боске, лесно ја совлада Валенсија во финалето со 3-0.

Потсетување на голот кој ја смени поновата историја на Реал Мадрид:

- Оглас -

Најнови вести