Точно пред 20 години е постигнат најдобриот гол во историјата на Премиер лигата (Видео)

Денис Беркамп дефинитивно е еден од играчите кои ја одбележаа Премиер лигата пред две децении. Холанѓанецот кој 11 сезони го носеше дресот на Арсенал, ќе се памти по многуте блескави игри, но, сепак, еден потег ја одбележа неговата кариера.

На дуелот против Њукасл, Беркамп го постигна голот кој беше прогласен за најдобар во историјата на Премиер лигата. Тоа се случи на 2 март 2002 година. Беркамп доби една топка од Роберт Пирес и со маестрален потег, свртен со грб, успеа да се ослободи од Никос Дабицас, а потоа рутински го матираше Шеј Гивен.

https://twitter.com/i/status/1498946684495224834

„Тоа беше неверојатен гол. Чест ми беше што можев да го видам во живо. Таков погодок не се гледа често“, уште тогаш изјави легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.

Самиот Беркамп прво не бил свесен каков гол постигнал.

„Неколку дена по ред, луѓето доаѓаа и само за голот ми зборуваа. Јас го немав ни видено голот, а потоа решив да видам што сум направил. Многумина ме прашуваа како ми текна на таква финта, но едноставно е. Во фудбалот многу работи се прават инстиктивно, така беше и за овој потег“, објасни стрелецот на најдобриот гол во историјата на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести