Пред три години го урнаа сонот на Барса за историски рекорд, сега пак се кандидати за пехар во Копа дел Реј

Валенсија е вториот финалист во Шпанскиот куп по победата против Кадис со 2:1 и му се приклучија на Рајо Валјекано во завршницата и битката за пехарот.

Лилјаците славеа тешка победа на „Месталја“ со головите на Гуедеш во првото полувреме и на Дуро во вториот дел.

Кадис се обиде да изненади, но успеа само да стигне до израмнување во 54-тата минута, но не и до пласман во полуфиналето.

Валенсија е петтата најтрофејна екипа во Копа дел реј со 8 пехари во 17 финалиња, а Лилјаците се виновници што Барселона пред три години не приреди уникатен подвиг и не успеа петпати по ред да го крене пехарот.

До 2019 година Барса имаше четири титули по ред во шпанскиот куп, но не стигнаа до рекордната петка бидејќи Валенсија во последното финале што го има играно во купот победи со 2:1 во Севилја.

Барселона во ова издание веќе испадна, а кандидати за трофејот покрај Рајо Валјекано и Валенсија, се и Бетис, Реал Сосиедад, Реал Мадрид и Атлетик Билбао.

Последните две четвртфиналиња ќе се играат утре меѓу Реал Сосиедад и Бетис од 20 часот во Сан Себастијан и од 21.30 часот меѓу Атлетик и Реал во Билбао.

- Оглас -

Најнови вести