Пред три месеци беше во финалето од ЛШ, денеска ако не победи, му следува отказ

Томас Тухел беше на чекор да биде запишан како тренерот кој првпат ја донел европската титула во Пари Сен Жермен, но пред три месеци неговиот тим загуби во финалето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен. Светците веќе неколку сезони создаваат тим за атак на континенталната круна, а минатата сезона беа најблиску до целата, но, сепак, Баерн се испречи како последна непробојна пречка.

Сега Тухел е на големи маки. Германскиот стратег е под притисок дека ПСЖ мора да победи, инаку многу лесно може да се случи денешниот дуел против Лајпциг да биде последен за него на клупата на Светците. Францускиот првак има само три бода по три меча во групната фаза и со евентуален нов кикс, ќе има само минимални шанси да се пласира во нокаут-системот.

ПСЖ го победи Лајпциг пред три месеци во полуфиналето од ЛШ, и тоа прилично лесно со 3:0, но пред две недели загуби наа гостувањето во Германија со 2:1 и на тој начин ги искомплицира шансите за поминување на групната фаза. Според направените анализи, Тухел со ПСЖ доминира во Франција затоа што има неколку индивидувални квалитетни играчи, а во домашното првенство нема вистински ривал.

Сепак, кога се работи за дуелите во Европа, тактиката на Тухел е недоволна за да направи успех, па затоа ако ПСЖ вечерва не победи, најавите се дека францускиот првак ќе бара нов тренер.

 

- Оглас -

Најнови вести