Пред заминување, Покетино им остави порака на играчите на Тотенхем (Фото)

Маурисио Покетино веќе е минато во Тотенхем, но играчите и навивачите на лондонскиот тим ќе го памтат како стратегот кој направи екипа за високи дострели. И покрај тоа што само пред неколку месеци Тотенхем играше во финалето од Лигата на шампионите, Покетино мораше да си замине поради слабите резултати во новата сезона.

Аргентинскиот стратег пред последното заминување од соблекувалната на Тотенхем реши да им остави порака на играчите. „Големо благодарам до сите вас. Ние не можеме да си речеме збогум. Секогаш ќе бидете во моето срце“, им порача Покетино на фудбалерите на Тотенхем, кои од пред два дена за нов шеф го имаат Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести