„Предавникот“ ја доби капитенската лента во Борусија

Борусија Дортмунд со 10-0 го победи нисколигашот Швајнберг (тим од село со 700 жители), во меч на кој повратникот Матс Хумелс во еден период од средбата ја носеше капитенската лента. Иако Хумелс три години беше нарекуван предавник после неговиот трансфер од Борусија во Баерн Минхeн во 2016 година, тој пред девет дена се врати кај „милионерите“ и не само тоа, туку му ја дадоа и капитенската лента.

Прв капитен на германскиот вицепрвак е Марко Ројс, но тој не играше на денешната контрола. На почетокот, капитенската лента ја носеше Лукаш Пишчек, но кога Полјакот излезе од игра, лентата се најде на раката на 30-годишниот Хумелс.

Во Борусија се среќни што дефанзивецот Хумелс се вратил, а 5.000 гледачи кои го проследија мечот

- Оглас -

Најнови вести