„Предавството“ официјализирано, Мората е играч на Атлетико!

Нападот на Атлетико Мадрид од денеска и дефинитивно е засилен со 26-годишниот Алваро Мората, некогашниот фудбалер на Реал.

Мората при прославите на европските титули со Реал, по победите над Атлетико пееше песни во кои го навредуваше градскиот ривал, но тоа е заборавено од раководството на „јорганџиите“. Мората во 2014 година им порачуваше на „индијанците“ да знаат кој е главен во Мадрид:

Фановите на Атлетико се поделени, некои не го сакаат Мората, а другите немаат ништо против оваа позајмица.

Мората, кој денеска ги мина лекарските прегледи, во Атлетико ќе носи дрес со бројот 22. Тој е позајмен од Челзи и ќе игра за Атлетико до крајот на оваа и целата наредна сезона. Во напаѓачката линија, Атлетико ги има Гриезман, Диего Коста и Калиниќ, па можеби некој од последните двајца ќе треба да си замине.

Иако многумина мислат дека Мората е дете на Реал, тој првите фудбалски чекори ги правеше во Атлетико и четири години играше за кадетите, кога соиграч му беше Коке. Претставувањето како нов играч на Атлетико, Мората ќе го има утре од 13 часот, а потоа ќе го има и првиот тренинг со новиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести