Предизвик е да се игра за „Ајфон“ – Вклучете се во 9. коло на Спортска прогноза до 15 часот

Убав предизвик е да се игра за мобилен телефон „Ајфон“ во новата сезона на Спортската прогноза, особено што во претходните 8 кола се уште нема добитник на премијата во нашата игра.

Во тек е деветтото коло и се уште не е доцна за да се приклучите во популарната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Играта е бесплатна и е многу едноставна, па во кус рок можете да составите комбинација од конечни типови на 13 парови што ги подготвивме за вас.

Авантурата по деветти пат сезонава почнува стандардно во сабота, а последен термин за да прогнозирате е 15 часот, кога ќе почне дербито во Италија меѓу Рома и Наполи.

Деветтото коло е специфично, по тоа што сите 13 основни двојки и двата резервни парови се од петте најсилни лиги во Европа. Миксот од мечеви од Серија А, Ла Лига, Премиерлига, Бундеслига и Лига 1 ви се достапни за типување на интернет страницата на Sport Life.

Се што ви треба е да имате СЛ картичка и да одвоите малку време за вашите прогнози. Не ги заборавајте резервните двојки, бидејќи поените се важни и се калкулираат во Генералниот пласман.

Премијата за секое коло посебно е прекрасниот „IPhone XS“ што го доделува Sport Life, а награди има и за едно и две промашувања на 13-та.

За 12 погодени двојки ви следува ваучер од 1.000 денари што можете да го искористите за уплата на тикет(и) во било која обложувалница на Sport Life, а дури и да промашите два пара ќе добиете ваучер од 500 денари.

Смарт ТВ од 48 инчи ќе се доделува на крајот од оваа сезона, втора на Спортската прогноза, а шампионот во Генерален пласман ќе има можност да се поднови со нов телевизор.

Вицешампионот на сезоната ќе добие 500.000 SL маркет поени, за треторангираниот наградата е 400.000 поени, за следниот 300.000 поени и за заокружување на топ-5 најдобри прогнозери се добива 200.000 поени, кои можете да ги искористите за уплата на тикети или за нарачка на производите што ги нуди Sport Life со богат избор, кој можете да го најдете во SL маркетот на нашата позната обложувалница.

Затоа кликнете на ПРОГНОЗИРАЈ, типувајте, забавувајте се со Спортска прогноза и очекувајте вредни награди од Sport Life.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести