Предизвик ќе биде да се погодат 13-те меча на Спортска прогноза, постои поделеност кај прогнозерите

Малку повеќе од половина од прогнозерите кои досега се вклучиле со свои прогнози во 27-мото коло на бесплатната Спортска прогноза не веруваат дека Хајдук може да го победи Динамо Загреб, ниту веруваат во триумф на Тотенхем против Манчестер јунајтед.

Засега, по 52 проценти од играчите кои се во конкуренција за добивање на „ајфон 12“, типувале двојка на Динамо и кец на Манчестер.

Има мечеви на кои според процентите, се гледаат јасни фаворити на мнозинството прогнозери, но има и мечеви каде што поделеноста е голема и приближен е бројот на прогнозери кои типувале или на единица или двојка на истиот дуел.

Колото почнува утре, сабота, во 15 часот со мечот Специја – Калјари, и тоа е терминот до кој може да се приклучите со ваши прогнози. Има 13 загатки што играчите на Спортска прогноза треба прецизно да ги решат за премијата „ајфон 12“. Една утка носи ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11-ка се добива ваучер од 500 денари.

Учеството е бесплатно, а единствен услов е да имате СЛ картичка од Sport Life, која исто така е бесплатна и може брзо да се добие на сите уплатни места на обложувалницата.

 

- Оглас -

Најнови вести