Предвидување на олимписки експерти: Македонија има шанса да освои медал во Токио

Интернет страницата специјализирана за предвидување на бројот на медали на Олимписките игри, ја смести Македонија меѓу земјите кои би требало да освојат бронзен медал на претстојните ЛОИ во Токио. Македонскиот кандидат за медал е борачот Магомедгаџи Нуров. Нашата земја 20 години чека медал од најголемиот светски спортски настан, и тогаш борач со потекло од руски Дагестан, Могамед Ибрагимов, ни донесе медал.

Според предвидувањата, Нуров е меѓу четворицата кандидати за медал во борење слободен стил, во категоријата до 97 килограми. Главен фаворит за златото е Абдулрашид Садулаев, за сребото е Шариф Шарифов, додека битка за бронзата би требало да се борат нашиот Нуров и Кајл Снајдер.

Единствена земја со над 100 медали на ЛОИ во Токио треба да биде САД, а зад нив по бројот на медали би требало да бидат Кинезите, Русите, Британците и Јапонците.

- Оглас -

Најнови вести