Прегазен е и Луксембург, ракометните јуниори на чекор до А дивизија и пласман на Светско

Македонската машка репрезентација за ракометари до 18 години, без проблеми се пласираше во финалето на ЕХФ шампионатот во Летонија.

Досега македонскиот тим одигра четири меча од таканаречената европска Б дивизија, и извојува четири убедливи победи, денешната над Луксембург од 32-22. Во финалето Црвено-жолтите ќе играат против Швајцарија или Летонија, но според резултатите, кој и да ни биде ривал, Македонија е фаворит за триумф.

Триумф на овој шампионат ќе значи пласман во елитното европско друштво, и пласман на следното СП за играчи до 19 години.

- Оглас -

Најнови вести