Прекарот им е Моќни птици, ги фатија на дело како си ја полнат мрежата со 41 автогол и добија доживотна забрана

Екипата на Нсами мајти брдс од Јужна Африка доби доживотна забрана за натпреварување и клубот нема да постои откако играчите си постигнаа неверојатен број на автоголови, точно 41 на меч што го загубија со 59:1.

Што е најинтересно и судиите на мечот што го доби Матијаси со 59:1 манипулирале со стрелците, па ги запишувале во бележникот лажно.

Играчот со број два во победничката екипа според нив постигнал 10 гола, а фудбалерот со број 5 е рекордер, и тоа лажен со 20 погодоци.

Всушност на мечот грото голови, или точно 41 биле автоголови на играчите на Моќните птици на Нсами.

Судиите се казнети со максимална суспензија од 10 години, а главниот арбитер исклучил дури четворица играчи на Нсами.

Уште три клуба од четвртата лига во Јужна Африка се казнети, односно нивните главни луѓе кои ги водат клубовите добија суспензии од пет до десет години забрана за учество во фудбалот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести