Прекин во Чаир: Навивач нападна кошаркар на Работнички (Видео)

Неверојатен инцидент се случи на дуелот Чаир 2030 и Работнички во Првата кошаркарска лига на Македонија, откако еден навивач на домашната екипа втрча на теренот и се нападна гостински кошаркар.

Во салата „Шабан Трстена“ инцидентот се случи кога интернационалецот од Работнички Ерик Нотиџ имаше конфликт со еден домашен играч, но останатите играчи реагираа, да нема посериозен инцидент.

Сепак, никој не веруваше дека навивач на домашниот тим може да влезе на теренот и да го удри кошаркарот на Работнички. Инцидентот се случи во втората четвртина при водство на Работнички од 44:23, а судиската тројка и делегатот решија дека средбата нема да се доигра. Се очекува Работнички службено да го дибие дуелот со 20:0, а Чаир сигурно го чека драстична казна.

- Оглас -

Најнови вести