Прекината контролка поради расистички навреди кон играч на олимпискиот тим на Германија

Фудбалскиот олимписки тим на Германија денеска се загреваше против Хондурас во пресрет на турнирот во Токио, откако еден нивен играч бил навредуван на расна основа.

„За нас не е опција да продолжиме да играме доколку наш фудбалер е жртва на расистички навреди“, истакна селекторот Штефан Кунц.

Станува збор за младиот дефанзивец на Херта Берлин, Џордан Торунарига, а непријатниот момент се случи во последните минути при резултат од 1-1 во мечот кој се одигра во Вакајама, Јапонија.

Германија инаку својот настап на фудбалскиот турнир на ОИ го почнува на 22 јули против Бразил, а е во група уште со Саудиска Арабија и Иран.

- Оглас -

Најнови вести