Прекинатиот меч Борнмут – Лутон ќе се преигра целосно, од прва минута

Натпреварот од фудбалската Премиер лига помеѓу Борнмут и Лутон кој беше прекинат вчера откако капитенот на гостите, Том Локјер, се струполи на терен поради проблем со срцето, нема да се доигра од 65-та минута со резултат 1-1 како што беше до прекинот, туку ќе мора екипите да одиграат целосно нов меч, од прва минута.

Локјер е во стабилна здравствена состојба и тоа е најважно.

Правилата на Премиер лигата велат дека кога ќе се прекине еден меч со согласност на судијата, мора да се преигра целосно, а датумот и сатницата на преигрувањето ќе го одреди Бордот на лигата.

- Оглас -

Најнови вести