Прекинато првенството во Бурунди, но не поради корона-вирусот

Африка веќе не е меѓу континентите на кои се игра фудбал. Во Бурунди првенството траеше и покрај пандемијата од корона-вирусот, но од вчера шампионатот привремено е прекинат, и тоа од друга причина.

Претседателот на Фудбалската федерација Ревериен Ндикуријо рече дека првенството е запрено затоа што стадионите во државата можеби ќе бидат зафатени и користени за претстојните претседателски и парламентарни избори на 20 мај.

Првенството треба да заврши на 30 мај, а останаа уште три кола. Четвртфиналните средби од Купот се одиграа викендов. Досега во Бурунди регистрирани се само пет случаи на заразени со корона-вирус. Во последните недели, на сите фанови им се мереше температура и мораше да земат средство за дезинфекција при влез на стадион.

- Оглас -

Најнови вести