Прекрасен текст на „Индекс“ – Хрватска му понуди пријателски 140 минути, сега жалат за македонскиот Рис

Аријан Адеми е еден од клучните играчи на македонската репрезентација во најголемиот успех во нашата историја, пласманот на Европското првенство идната година, а за него сè уште жалат Хрватите.

Роден е во Шибеник и популарните Коцкести му понудија само 140 минути да игра за нив на три пријателски натпревари, па, за среќа, Македонија беше подарежлива и го зграпчи во својот табор, како што велат Хрватите, најдобриот играч во модерната историја на Динамо Загреб.

„За жал, во нашата репрезентација беа повикувани многу играчи кои се далеку од нивото на Адеми. Дури и кога очигледно ни фалеше играч од калибарот на шибенскиот Питбул, беа повикувани многу послаби фудбалери. Му понудивме само 140 минути игра во коцкестиот дрес, и тоа на три пријателски натпревари, иако и тогаш Адеми беше најдобриот играч во хрватското првенство и еден од најдобрите дефанзивни играчи во средниот ред во историјата на нашиот фудбал“, пишуваат новинарите на „Индекс“.

Со дузина комплименти го именуваа Адеми како најдобриот фудбалер во модерната историја на Динамо Загреб, а посебно ја потенцираат неговата лојалност и децениската првиврзаност кон најтрофејниот клуб во Хрватска.

„Доаѓаа многумина, си заминуваа уште повеќе, но Аријан покажа дека може да се игра импресивно и долго во Динамо. Тој е најдобриот играч на Модрите во модерната клупска историја. Кога мислите дека не може подобро, добивате уште повеќе од капитенот. Сега дури и игра најдобар фудбалер во кариерата. Убедливо не е најдобар на својата позиција во целата лига, но секако е во топ-5 најдобри во НХЛ. Македонија е среќна што го има својот лав“, додаваат во прекрасниот текст новинарите на „Индекс“.

И како македонски репрезентативец Аријан покажа и врвен квалитет и огромна лојалност кон дресот со нашите национални симболи, а гестот што го направи пред историскиот меч со Грузија нема никогаш да биде заборавен во Македонија.

Иако беше повреден и со проблем што веројатно секој друг фудбалер би го исфрли од погон, Адеми воопшто и не размислиуваше дали ќе игра против Грузија, а на теренот беше еден од најдобрите, со огромен придонес во победата од 1:0 што ни донесе еуфорична радост и историски пласман на големо натпреварување.

Целиот текст на „Индекс“ за Адеми можете да го прочитате ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести