Прекрасната Дилета остана запрепастена: Тренерот на Елмас ја импресионира со колекцијата дресови (видео)

Дилета Леота, познатата фудбалска новинарка од Италија и водителка на „ДАЗН“, беше во посета на Лучијано Спалети, тренерот на Наполи, за да ја види колекцијата дресови на стратегот.

Прекрасната Дилета остана запрепастена кога го виде ормарот на Спалети специјално наменет за чување дресови од светски познати играчи, а потоа се пофали со посебната колекција дресови од иконата на Рома, Франческо Тоти.

„Ги имам сите дресови од Тоти, принцот на Рим, дури и оној кога го носевме во болница“, вели Спалети.

Инаку, Италијанецот во два наврати беше тренер на Рома, од 2005 до 2009 година кога освои два трофеи во Купот на Италија како и еден Суперкуп. Ја водеше Рома и во последната сезона на Тоти, пред да оди во пензија во летото 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести