Прекрасно видео преку коe од Милан ја раскажаа 2020 година

Италијанскиот калчолигаш Милан реши преку кратко, но навистина моќно видео да ја опише како изгледаше 2020 година. Годината во која фудбалот се промени и за првпат беше откажано Европското првенство, навивачите „исчезнаа“ од трибините, година во која од овој свет заминаа неколку спортски легенди.

Видеото се одвива во иднината, а со отворањето на кутијата на која пишува 2020 година, започуваат сеќавањата на стариот навивач на Милан. Му се враќаат спомените од незаборавната, трагичната, турбулентната, но и годината со голема надеж за Росонерите.

 

- Оглас -

Најнови вести