Над 100 години затвор за тие што сакаа да ги ограбат Озил и Колашинац

Вооружените бандити кои се обидоа да ги ограбат Сеад Колашинац и Месут Озил, и тоа во центарот на Лондон, долго време ќе бидат зад решетки. Лондонската полиција многу брзо ги идентификува двајцата разбојници кои беа на мотор, а потоа се дозна дека тие се само дел од голема банда која повеќе од една година ограбувала на сличен начин.

Вкупно осум луѓе се уапсени, а судот во Лондон немаше милост кон нив, па вкупната затворска казна им е над 100 години! Најлошо помина човекот кој со метална прачка се обиде да го ограби Колашинац, Џордан Нортовер, кој доби 18 години затвор.

Во моментите на нападот, Колашинац покажа голема храброст и му се спротистави на криминалецот и, за среќа, фудбалерите не беа повредени

.

 

- Оглас -

Најнови вести