Премиер лигата изгласа ограничувања, трансфери како оние на Челзи веќе не се можни

Премиер лигата на денешниот состанок на којшто присуствуваа сите 20 екипи донесе одлука за воведување ограничувања кога станува збор за трансферите. „За“ гласа 15 екипи, а пет беа „Против“, а она што е интересно е дека екипата на Челзи ги поддржа измените, иако токму тие најмногу го користеа старото правило.

Според новите ограничувања, екипите ќе мора да го исплатат трансферот најмногу за пет години, а не како досега за осум. Токму Челзи при трансферите на Енцо Фернандес и Михајло Мудрик, кои потпишаа договори до 2031 година, најмногу имаше корист.

Тоа значи дека сумите од 121 милион евра за Фернандес и 70 милиони евра за Мудрик ќе треба да ги исплатат според финансискиот ферплеј за осум години. Сепак, новите трансфери кои ќе ги прават премиерлигашите ќе мора да ги исплатат максимум за пет години.

- Оглас -

Најнови вести