Премиерлигашите од Манчестер во битка за потпис со играч на Наполи

Двата тима од Манчестер, Јунајтед и Сити, налето ќе се обидат да дојдат до потписот со дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае.

Репрезентативецот на Јужна Кореја минатата година пристигна во Наполи од Фенербахче во трансфер вреден 18 милиони евра и со одличните игри сезонава го сврте вниманието на двата тима од Манчестер.

Новинарот на „Калчомеркато“, Даниеле Лонго, пишува дека Сити и Јунајтед планираат да ја искористат можноста да ја активираат откупната клаузула на Ким Мин-Јае, која изнесува меѓу 45 и 50 милиони евра, и да му остават на дефанзивецот сам да одлучи во кој тим ќе ја продолжи кариерата.

Во меѓувреме, Наполи ќе се обиде да се договори со Ким да потпише нов договор со кој би се тргнала клаузулата.

 

- Оглас -

Најнови вести